Сервис

 

 

Работно време на сервисот:

Понеделник -

петок од 11.00 до 18.00 ч

Сабота од 10.00 до 14.00 ч

 

Во сервисот можете да донесете велосипед на сервис или поправка само по претходна најава!
Велосипедот ќе го задржиме  еден до два дена во зависност од потребите. 
Најдобар начин за најава е со порака на info@bikestop.com.mk , во која ќе го наведете моделот на велосипедот и краток опис на бараната услуга.


ЦЕНОВНИК на сервисирање велосипед

Основен сервис 600 ден
•    Чистење на велосипед
•    Генерална приверка
•    Проверка и штелување на сопирачки
•    Проверка и штелување на брзини
•    Проверка на гуми
•    Проверка на гарнитура од волан
•    Проверка на средна осовина
•    Подмачкување на верига

БАЈКСТОП го препорачува овој сервис за возачите кои возат со помал интензитет и за децата, неколку пати годишно помеѓу комплетните сервиси

Комплетен сервис 1300ден
•    Се од основен сервис плус
•    Подмачкување на гарнитура од волан
•    Подмачкување на средна осовина
•    Подмачкување на предна и задна осовина
•    Центрирање на тркала
•    Кратко пробно возење
Пожелно за сите возачи барем еднаш годишно. За маунтин бајкерите и за останатите возачи кои возат по интензивно, го препорачуваме почесто, според интензитетот на возењето.

Екстра сервис 2000 ден (во цената не се вклучени деловите)
Се како во комплетен сервис плус
•    Замена на пакни
•    Замена на сајли
•    Замена на божури
БАЈКСТОП овој сервис го препорачува за сите возачи кои возат интензивно (неколку пати неделно) еднаш годишно

Цената за сервисирање на ВИЛУШКА АМОРТИЗЕР не е вклучена во цената на сервисите и изнесува:

Основен сервис на амортизер 500 ден
•    Чистење
•    Проверка на прашинарки
•    Пумпање (кај воздушни)
•    Подмачкување
•    Проверка на функцијата

Коплетен сервис на амортизер 1000 - 2000 ден
•    Се како во основен плус
•    Замена масло 
•    Подмачкување на опруги
•    Проверка на функцијата