БАЈКСТОП е формиран во 2002г. од група на вљубеници во велосипедизмот пред се планинскиот, со цел на заинтересираните велосипедисти да им го пренесат стекнатото искуство во вид на квалитетна услуга и совет, услуга поинаква од до тогаш постоечката кај нас, услуга која ќе опфаќа техничка помош, спортско рекреативна подршка и пријателски совет.
Вработените во БАЈКСТОП велосипедите не само што ги продаваат и сервисираат туку и активно ги возат до своите работни места, за рекреација за спорт, па поради тоа произлегува дека услугите и советите го даваат искусни возачи и мајстори кои ги имаат доживеано нештата за кои говорат.
Ние знаеме колку ви значат вашите велосипеди и со каква љубов ги возите и токму поради тоа, со полна доверба можете да ни ја препуштите грижата за нив.
БАЈКСТОП е и вистинското место каде што во секое време можете да добиете вистинита и точна информација за се што е поврзано сo велосипедизмот и :
* велосипеди
* делови и дополнителна опрема
* совети за одржување и возење
* распоред за рекреативни тури
Велосипедите купени во БАЈКСТОП се со веќе направен прв сервис, подготвени за употреба и со гаранција од производителот.
Сервисната работилница на БАЈКСТОП е опремена со квaлитетен алат, резервни делови и прoфесионална услуга.
ЗОШТО ДА КУПИТЕ ВЕЛОСИПЕД КАЈ НАС?
Затоа што Ние:
* продаваме само квалитетни велосипеди кои пред се треба да го задоволат нашиот критериум за квалитет
* ќе ви дадеме вистински совет за тоа каков велосипед ви треба според Вашите потреби и Вашите пропорции
* велосипедот ќе го има поминато првиот сервис но сепак... повторно ќе го провериме по десетина дена – гратис
* дополнителната опрема, бесплатно ја вградуваме
* даваме едногодишна гаранција
* за време на гаранцискиот рок бесплатно ја проверуваме исправноста на велосипедот
* за секое рекреативно возење ќе Ве известиме по e-mail