Работно време на сервисот:
Понеделник -
петок од 11.00 до 18.00 ч
Сабота од 10.00 до 14.00 ч
Во сервисот можете да донесете велосипед на сервис или поправка само по претходна најава!
Велосипедот ќе го задржиме еден до два дена во зависност од потребите.
Најдобар начин за најава е со порака на info@bikestop.com.mk , во која ќе го наведете моделот на велосипедот и краток опис на бараната услуга.
ЦЕНОВНИК на сервисирање велосипед
Основен сервис 800 ден
• Чистење на велосипед
• Генерална приверка
• Проверка и штелување на сопирачки
• Проверка и штелување на брзини
• Проверка на гуми
• Проверка на гарнитура од волан
• Проверка на средна осовина
• Подмачкување на верига
БАЈКСТОП го препорачува овој сервис за возачите кои возат со помал интензитет и за децата, неколку пати годишно помеѓу комплетните сервиси
Комплетен сервис 1800ден
• Се од основен сервис плус
• Подмачкување на гарнитура од волан
• Подмачкување на средна осовина
• Подмачкување на предна и задна осовина
• Центрирање на тркала
• Кратко пробно возење
Пожелно за сите возачи барем еднаш годишно. За маунтин бајкерите и за останатите возачи кои возат по интензивно, го препорачуваме почесто, според интензитетот на возењето.
Екстра сервис 2500 ден (во цената не се вклучени деловите)
Се како во комплетен сервис плус
• Замена на пакни
• Замена на сајли
• Замена на божури
БАЈКСТОП овој сервис го препорачува за сите возачи кои возат интензивно (неколку пати неделно) еднаш годишно
Цената за сервисирање на ВИЛУШКА АМОРТИЗЕР не е вклучена во цената на сервисите и изнесува:
Основен сервис на амортизер 1000 ден
• Чистење
• Проверка на прашинарки
• Пумпање (кај воздушни)
• Подмачкување
• Проверка на функцијата
Коплетен сервис на амортизер 1500 ден
• Се како во основен плус
• Замена масло
• Подмачкување на опруги
• Проверка на функцијата