БАЈКСТОП е формиран во 2002г. од група на вљубеници во велосипедизмот пред се планинскиот, со цел на заинтересираните велосипедисти да им го пренесат стекнатото искуство во вид на квалитетна услуга и совет, услуга поинаква од до тогаш постоечката кај нас, услуга која ќе опфаќа техничка помош, спортско рекреативна подршка и пријателски совет.
Вработените во БАЈКСТОП велосипедите не само што ги продаваат и сервисираат, туку и активно ги возат до своите работни места, за рекреација, за спорт, па поради тоа произлегува дека услугите и советите ги даваат искусни возачи и мајстори кои ги имаат доживеано нештата за кои говорат.
Ние знаеме колку Ви значат Вашите велосипеди и со каква љубов ги возите и токму поради тоа, со полна доверба можете да ни ја препуштите грижата за нив.
БАЈКСТОП е и вистинското место каде што во секое време можете да добиете вистинита и точна информација за се што е поврзано сo велосипедизмот и :
- велосипеди
- делови и дополнителна опрема
- совети за одржување и возење
- распоред за рекреативни тури
Велосипедите купени во БАЈКСТОП се со веќе направен прв сервис, подготвени за употреба и со гаранција од производителот.
Сервисната работилница на БАЈКСТОП е опремена со квaлитетен алат, резервни делови и прoфесионална услуга.
ЗОШТО ДА КУПИТЕ ВЕЛОСИПЕД КАЈ НАС?
Затоа што Ние:
- продаваме само квалитетни велосипеди кои пред се треба да го задоволат нашиот критериум за квалитет
- ќе ви дадеме вистински совет за тоа каков велосипед ви треба според Вашите потреби и Вашите пропорции
- велосипедот ќе го има поминато првиот сервис но сепак… повторно ќе го провериме по десетина дена – гратис
- дополнителната опрема, бесплатно ја вградуваме
- даваме едногодишна гаранција
- за време на гаранцискиот рок бесплатно ја проверуваме исправноста на велосипедот
- за секое рекреативно возење ќе Ве известиме по e-mail
